Малиот Јане е мегаѕвезда на манифестацијата…Сите сме еднакви! (ФОТО)

Деветгодишниот Јане Велковски, кој со својата љубов кон фудбалот стана значаен дел и од програмата на УЕФА (Equal Game), е главната ѕвезда на манифестацијата на ФФМ, за доделување на наградите за најдобрите во изминатата сезона 2016.17. Тој има неверојатна страст за фудбалот и не ја губи желбата постојано да игра фудбал и покрај болеста Спинална Мускулна Атрофија (Spinal Muscular Atrophy – SMA) која засега го има врзано во количка. Со надеж дека брзо ќе застане и на свои нозе, тој има голема верба и љубов токму во фудбалската игра.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, како и многубројните гости на оваа манифестација, го поздравија малиот, но со верба многу голем, Јане Велковски…

IMG_0913

IMG_0894

jane 3

Се вчитува...