Еден од најголемите таленти на генерацијата 2007, Естевао Вилијан веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона. „Малиот Меси“ како што го нарекуваат бразилските медиуми е голема желба на каталонците, но со оглед на финансиските проблеми голема е веројатноста дека Бразилецот ќе заврши на друга страна на Европа.
Шестнаесетгодишникот неодамна дебитираше за Палмеирас и со одличните настапи дополнително го зголеми интересот на европските гиганти. Сега во трка за негов потпис се вкучени и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси и ПСЖ, а за овие тимови сумата од 60 милиони евра не е проблем.
Вилијан е репрезентативец на Бразил до 17 години. На пет настапи забележа три голови и три асистенции, а ќе биде достапен за преселба во Европа во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА