Малиот Метсон Лесор не можеше да ги сопре солзите по тешката повреда на својот татко (ВИДЕО)

Вчерашната победа на Панатинаикос над Басконија во Евролигата, мина во сенката на тешката повреда на Матијас Лесор за кого, се чини, веќе е завршена сезоната.

Хорор-повредата ги потресе сите во салата во Атина, па секако и малиот син на Матијас, Метсон Лесон кој не можеше да ги сокрие солзите.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Метсон лежи на земјата во солзи, па утешен од Ернангомез.

По мечот, пак, Лесор објави и фотографија заедно со својот син од амбулатното возило испраќајќи порака дека ќе се врати уште посилен по оваа несреќна повреда.

„Тоа што не убива, те прави посилен! Ви благодарм на сите за пораките и молитвите, ве сакам сите! Ќе се вратам посилен од било кога“ – напиша Лесор.

Се вчитува...