Светот доби нов пливачки „суперхерој“. Десетгодишниот Кларк Кент Апуада го собори 23 години стар рекорд на големиот Мајкл Фелпс на Интернационалниот пливачки шампионат во Калифорнија.
Новата пливачка атракција освен со резултатот го привлече вниманието на јавноста и со своето име – се вика Кларк Кент, а прекарот се разбира, му е „Супермен“.
Кент во трката на 100 метри пеперутка исплива време од 1:09.38 минути што е за повеќе од секунда побрзо од рекордот што на таа возраст го постави Мајкл Фелпс во 1995 година. Кларк успеа во тоа иако пливање тренира само четири години.
„Ова момче не е како другите што сум ги тренирала. Секогаш се истакнува, има многу способности, тој е како стручњак во се“ – вели неговиот тренер Да Риана за „Си-Ен-Ен“.
Кларк Кент токму како Супермен, поседува многу таленти.
„Кент посетува часови по клавир, тренира боречки вештини, а во училиштето секогаш учествува во информатичките работичници, во програмитање и во СТЕМ програмите“ – открива неговиот татко, Крис Апуада.
Невообичаено за десетгодишно момче, Кларк Кент вели го сака пливањето, но без проблем успева да ги заврши и сите други активности.
„Добро се носам со сето тоа, клучот е во балансот. Сакам да пливам бидејќи ме поддржуваат многу луѓе, тренерите и родителите секогаш се покрај мене. Пукај високо, секогаш биди концентриран на своите соништа и забавувај се!“ – порачува младиот пливач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА