Бразилскиот интернационалец Малком сака да го напушти „Камп Ноу“ во потрага по поголема минутажа. Тој не доби голема шанса од тренерот Ернесто Валверде минатата сезона и испратил барање до раководството на клубот за трансфер во друга средина.
За Малком се заинтересирани англиските премиерлигаши Евертон и Арсенал, како и францускиот клуб Сент Етјен. Тој во последен момент заврши во Барселона, откако претходно имаше речиси комплетиран договор со Рома. Но, неговата епизода на „Камп Ноу“ не се покажа премногу успешна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА