Бразилскиот интернационалец Малком ќе мора да паузира во наредните десетина дена, откако го повреди скочниот зглоб на тренингот на Барселона. Крилниот играч кој пристигна на „Камп Ноу“ ова лето, откако претходно беше веќе виден во редовите на Рома, се уште се прилагодува во новата средина. Оваа повреда доаѓа во непријатен момент, но, сепак е период на репрезентативна пауза, па тој ќе може да се врати во ритам пред продолжението на Ла Лига.
Барселона по три кола во шпанскиот шампионат има максимален ефект и се наоѓа на првата позиција со девет бода, колку што има и најголемиот ривал Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА