Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора признава дека е малку веројатно дека стадионите во Серија А ќе бидат отворени за навивачите во текот на оваа сезона. Проблем се разбира е пандемијата и вакцинацијата низ државите во светот.
Не може да се каже дека љубителите на фудбалот веќе се навикнати да гледаат празни стадиони додека врвни фудбалери трчаат по топката, но тоа е нешто што очигледно ќе продолжиме да го гледаме и понатаму.
„Мислам дека е малку веројатно дека ќе видиме полни стадиони и оваа сезона“, рече Спадафора.
Во март ќе биде означена точно една година откако повеќето европски стадиони се „заклучени“ за навивачите.
„Да се има поголем број луѓе кои сите се движат во една насока е многу комплицирано во сегашните услови. Најновиот владин декрет истекува во март, но мислам дека прво мора да се фокусираме на одржување на спортот и конечно да размислиме за делумно повторно отворање на стадионите“, заклучи италијанскиот министер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

