МАЛКУ СТАТИСТИКА: Против Лихтенштајн досега 11 победи и едно реми, гол разлика 45-5!

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18  часот го игра својот 13-ти натпревар против Лихтенштајн во историјата, овој пат во квалификациите за СП 2026.

Факт е дека Македонија ја носи огромната фаворитска улога ако се погледне и традицијата на меѓусебните дуели. Досега, во 12 дуели, Македонија има 11 победи и само едно реми со вкупна гол-разлика од 45-5.

На последниот меѓусебен дуел во март оваа година, во рамките токму на актуелните квалификации за СП 2026, Македонија славеше со 0-3 на гостувањето во Вадуц.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ СО ЛИХТЕНШТАЈН:

24.04.1996 (Квалификации за СП 1998): Македонија – Лихтенштајн 3-0 (С. Милошевски, Б. Бабунски, Захариевски)

09.11.1996 (Квалификации за СП 1998): Лихтенштајн – Македонија 1-11 (Главевски 3, М. Стојковски 2, Т.Мицевски 2, Ќириќ 2, Христов, В. Мицевски)

08.09.2002 (Квалификации за ЕП 2004): Лихтенштајн – Македонија 1-1 (Христов)

07.06.2003 (Квалификации за ЕП 2004): Македонија – Лихтенштајн 3-1 (Седлоски, Крстев, Стојков)

12.11.2005 (Пријателски натпревар): Лихтенштајн – Македонија 1-2 (Пандев, Шаќири)

24.03.2017 (Квалификации за СП 2018): Лихтенштајн – Македонија 0-3 (Николов, Несторовски 2)

09.10.2017 (Квалификации за СП 2018): Македонија – Лихтенштајн 4-0 (Муслиу, Трајковски, Барди, Адеми)

13.10.2018 (Лига нации на УЕФА): Македонија – Лихтенштајн 4-1 (Трајковски 2, Пандев, Алиоски)

16.11.2018 (Лига нации на УЕФА): Лихтенштајн – Македонија 0-2 (Барди, Несторовски)

28.03.2021 (Квалификации за СП 2022): Македонија – Лихтенштајн 5-0 (Барди, Трајковски 2, Елмас, Несторовски)

08.10.2021 (Квалификации за СП 2022): Лихтенштајн – Македонија 0-4 (Д. Велковски, Алиоски, Николов, Чурлинов)

22.03.2025 (Квалификации за СП 2026): Лихтенштајн – Македонија 0-3 (Трајковски, Муслиу, Миовски)

Се вчитува...