Повеќе од квалитетно вистинско прволигашко дерби одиграа Вардар и Шкендија, на крај со поделба на бодовите, во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Но, дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ кој беше игра во извонреден амбиент создаден од „Комитите“, мина и со несакани моменти во второто полувреме кога дојде до судир меѓу играчите на двата тима.
Најпрво дојде до судир меѓу Омерагиќ кај Вардар и Мелиќи од Шкендија, па и двајцата добија исклучување, а потоа игра „малку за гуша, малку за врат“ имаа и Алтипармаковски и Велија. За среќа, сето тоа набрзо се смири а дуелот продолжи максимално коректно на терено, како што беше и се до несаканиот инцидент…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА