Малме ја трга бронзената статуа на Ибрахимовиќ

Бронзената статуа на Златан Ибрахимовиќ дефинитивно ќе биде тргната од пред стадионот на Малме. Ибрахимовиќ професионалната кариера ја почна токму во Малме од каде премина во редовите на Ајакс.

Сепак, најлојалните фанови на клубот не му простија што стана сопственик на лутиот ривал Хамарби поради што почнаа да ја демолираат статуата висока два и пол метри, како би го натерале градските власти да ја тргне од пред нивниот храм. Нивната мисија успеа, бидејќи градските власти одлучија да ја преместат на друга локација, најверојатно ќе тоа ќе биде некој од локалните музеи.

Статуата беше поставена во октомври месец минатата година.

Се вчитува...