Стручниот штаб на Малме се соочува со сериозен проблем пред двомечот од квалификациите за ЛШ против Вардар поради повредата што ја заработи Фелипе Карвалјо. Уругвајскиот интернационалец за време на утринскиот тренинг ја скинал тетивата, по што сега го очекува долга пауза од фудбалските терени.
„За време на денешниот тренинг Фелипе Карвалјо за жал заработи тешка повреда на тетивата. Прегледите покажаа дека станува збор за кинење на тетивата, во текот на следната седмица ќе биде извршена операција, по што ќе се знае времето на рехабилитирација, но јасно е дека Карвалјо нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава“ – изјави физиотерапевтот на Малме, Јеспер Робертсон.
Првиот натпревар меѓу Малме и Вардар ќе се игра во Шведска на 12 јули со почеток во 19 часот, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА