Денвер без Никола Јокиќ стигна до триумф на гостувањето кај Хјустон во натпревар во кој се истакна втората ѕвезда во составот од Колорадо, Џамал Мареј постигнувајќи 39 поени.
По триумфот на преконференцијата за медиумите тренерот Мајк Малоун одново говореше за враќањето на Србинот на теренот кое се надева дека ќе биде во серијата од пет последователни натпревари на домашен терен која започнува со средбата против Чикаго, за која сепак центарот не е во комбинација за игра поради повредата на лактот и скочниот зглоб.
„Ќе игра во Денвер кога ќе бидеме во серија на натпревари на домашен терен. Се надевам дека ќе мора да заигра во таа серија, но не верувам дека ќе игра утре“, изјави Малоун.
Без Никола Јокиќ, Денвер запиша две победи и два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА