Малуда: Повеќе не го препознавам Челси

Поранешниот фудбалер на Челси, Флоран Малуда го критикуваше ново раководство на Челси кое по превземањето од страна на Тод Боели влезе во нова ера со т.н. „ребилдинг“ и бројни млади фудбалери кои доправа треба да се докажат.

Французинот е запишан со златни букви во историјата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ како дел од тимот кој во 2012 година за прв пат го крена најзначајниот трофеј, оној во Лигата на Шампионите.

„Повеќе не го препознавам Челси, освен по бројот на дресовите. Потребно е време да се изгради нешто квалитетно и вредно, но од доаѓањето на новите сопственици не гледам никаква стабилност во менаџментот“, изјави Малуда.

Се вчитува...