Фудбалерите на Интер во неверојатно возбудлив натпревар славеа со 3-4 на гостувањето кај Фиорентина во последниот дуел од денешната програма во 11. коло од италијанската Серија А.
„Нероаѕурите“ со погодоците на Барела во 2. и Лаутаро Мартинез во 15. минута по само една третиот од првиот дел имаа водство од 0-2. До крајот на првото полувреме домаќините успеаја да намалат на 1-2 со голот на Кабрал од пенал во 33. минута. Целосно во мечот тимот од Фиренца се врати со погодокот на Иконе во 60. минута.
Гостите повторно до водство стигнаа со голот од пенал на Лаутаро Мартинез во 73. минута. На 3-3 израмни Лука Јовиќ во 90. минута, додека конечните 3-4 ги постави Хенрик Мкхтаријан во 95. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА