Мама миа: Каков гол на Борха Мајорал за Рома (видео)

Един Џеко не игра за Рома против Кротоне, но тоа не е никаков проблем бидејќи „волчицата“ во своите редови го има Борха Мајорал.

Шпанецот кој до неодамна играше со Енис Барди во Леванте се покажа во неверојатно светло, постигнувајќи два гола, воедно и врз него беше направен пеналот по кој Мхитаријан зголеми на 0-3.

Особено убав беше вториот гол, кога Мајорал од 25 метри испрати проектил што заврши во горниот агол од голот на домашниот состав.

Се вчитува...