Мама миа – каков гол на Лаутаро за Интер (видео)

Интер експресно поведе со 1-0 на дербито против Аталанта со фантастичниот погодок што го постигна Лаутаро Мартинез веќе во 5. минута од натпреварот.

„Нероаѕурите“ тргнаа во опасна акција, а по центаршутот од десната страна на Барела, следеше извонреден волеј удар на Лаутаро, кој ја смести топката под гредата крај немоќниот голман Мусо.

Се вчитува...