Неверојатни први 45 минути ни донесе натпреварот меѓу Вердер Бремен и Ајнтрахт Франкфурт. Овие два тима се среќваат во 4. коло од Бундеслигата, а по првото полувреме резултатот на семафорот изнесува 2-3 за гостите.
Марио Геце уште во 2. минута донесе водство од 0-1 за тимот од Франкфурт. Домаќините брзо возвратија и со головите на Јунг во 14. и Битенкур во 17. брзо направија целосен пресврт 2-1. Сепак, до крајот на првиот дел гостите се вратија во водство со погодоците на Коло Муани во 32. и Линдстром во 39. минута.
За издвојување е и поништениот гол за Ајнтрахт на Камада во 20. минута поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

