„Мама миа“: Перфектна завршница на Елмас за водство на Торино (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас продолжува со одличните партии по неговото враќање во Серија А во редовите на Торино.

Македонскиот фудбалер повторно е еден од најдобрите фудбалери на неговиот Торино во водството на полувреме од 0-1 на гостувањето кај Монца во меч од 27. коло од калчолигата.

Елмас донесе водство за неговиот тим со перфектната завршница во 41. минута со која го матираше противничкиот голман.

Се вчитува...