ПСЖ продолжи со добрите изданија во францускиот шампионат со триумф од 4-1 на дербито со Монако, меч што ќе остане запаметен по првиот гол што Квича Кварацхелија го постигна во дресот на „светците“. Грузиецот кој минатиот месец пристигна до Наполи блесна во второто полувреме, со вистинско ремек-делоо враќајќи го својот тим во водство од 2-1, трасирајќи го патот до победата.
Витиња уште во 6. минута ги донесе домаќините во водство, но Закарија донесе израмнување за Монако во 17. минута. Донарума со неверојатна интервенција спречи целосен пресврт во првото полувреме, што беше само најава за доминацијата на ПСЖ во вториот дел.
Првиот гол на Кварацхелија е вистинско ремек-дело, Грузиецот ја прими топката, со финта ги легна на земја и дефанзивецот и голманот на Монако, за потоа да ја смести во мрежата. Во финишот на сцена стапи Усман Дембеле, кој со нови два гола ја запечати убедливата победа на ПСЖ на овој дерби натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

