Мамаев задржан во притвор, истата судбина го чека и Кокорин

Русата полиција ја продолжува истрагата за големиот инцидент во кој двајцата фудбалери, Павел Мамаев и Александар Кокорин, физички нападнаа функционер на оваа земја, по што беа вклучени во уште еден напад на лице при напуштањето на местото на првичниот инцидент.

Мамаев денеска бил повторно во полициска станица за да даде исказ за случувањата, каде по испитување од неколку часа била донесена одлука тој да биде задржан во притвор. Со кратко задоцнување од договорениот термин пристигнал и Кокорин, неговото испрашување е во тек, но се очекува и асот на Зенит исто така да заврши зад „решетки“.

Раководството на Кубан веќе објави дека е во завршна фаза да раскинот на договорот со Мамаев, а се очекува истото да се случи и со Зенит и Кокорин.

Се вчитува...