Грузискиот голман Ѓеорги Мамардашвили по одличната сезона за Валенсија која ја преслика и на Европското првенство кое неодамна се одржа во Германија се наоѓа пред заминување од шпанскиот клуб кој пак го доведе македонскиот голман Столе Димитриевски.
За 23-годишниот Грузиец постои голем интерес од Саудиска Арабија од каде засега неименуван клуб понудил 35 милиони евра, но оваа понуда била експресно одбиена.
Мамардашвили нема намера да се пресели во Саудиска Арабија и посакува трансфер во Премиерлигата. Засега ниту еден клуб од елитниот англиски шампионат не изрази голема желба за негова аквизиција, но тој е подготвен да почека понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА