Мамардашвили останува во Валенсија, но Димитриевски не може да ја активира „специјалната клаузула“

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и дефинитивно се помири со фактот дека останува во Валенсија, и покрај фактот дека во клубот уште една година останува и првиот голман Гиорги Мамардашвили.

Веќе е јасно дека Валенсија ќе го продаде Мамардашвили на Ливерпул за 35 милиони евра, но бидејќи „црвените“ во моментов имаат прв голман во Алисон Бекер, Грузиецот ќе биде вратен во Валенсија на едногодишна позајмица.

Од сето тоа најголем губитник е македонскиот чувар на мрежата кој, како што пренесува „Марка“, сега веќе не може да ја активира и специјалната клаузула во неговиот договор за спогодбено заминување од Валенсија за сума од 3 милиони евра. Рокот за такво нешто веќе истекол, а па јасно е дека Столе останува на „Месталја“.

Шпанска „Марка“, меѓу другото пишува и дека Димитриевски ја прифатил реалноста и одлучил да остане во Валенсија подготвен и максимално да се бори за местото прв голман оваа сезона.

Се вчитува...