Мамардашвили: Се обложив со Винициус во 50 евра, парите не ги видов

Голманот на Валенсија, Ѓорѓи Мамардашвили уште еднаш потврди дека е специјалист за пенали. А тоа на своја кожа го почувствува асот на Реал Мадрид, Винициус, чиј пенал го одбрани грузискиот голман на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој детал се случи во 13. минута при резултат 0-0. На крајот, Валенсија победи со 1-2 и ја оствари првата победа на култниот стадион по 17 години. По натпреварот тој даде интересни детали поврзани со овој пенал.

„Се обложив со Вини во 50 евра дека ќе му го одбранам пеналот. Не ми ги даде парите“, изјави Мамардашвили.

Се вчитува...