Со оглед на очајната форма, сите ја прежалија Валенсија на гостувањето кај Севиља, но „лилјаците“ имаа водство се до финишот од средбата, и во миговите кога требаше да биде крај, домашните со погодок успеаја да извлечат бод, и да му скратат два на гостинскиот тим, кој очајно се бори за опстанокот.
Валенсија стигна до трите бода благодарение на голот на Риоха во 61. минута од средбата. Во третата минута од судиското надополнување, Педроса донесе израмнување по грешката на Мамардашвили.
Мамардашвили не успеа да го скроти ударот, иако беше млак и од голема далечина, па така му дозволи на домашниот тим да дојде до еден бод.
⚽️ GOAL: Pedrosa
🇪🇸 Sevilla 1-1 Valencia pic.twitter.com/KsmYHMPJdH— Kevin Morales (@KevinMoral96566) January 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА