„МАМБА ЗАСЕКОГАШ“ – Една година од смртта на Коби Брајант

Ново нормално е можеби најизлитената фраза што некогаш сум ја чул во животот. Кое нормално, кога веќе  ништо не е како што беше пред една година. Тектонски пореметување се случија во целиот свет, но се случија и на кошаркарскиот атлас. Кога годината ќе почне со смрт на еден од хероите на детството, па таа не може да продолжи на добро…

Точно на денешен ден го загубивме херојот на многу генерации, го загубивме Коби Брајант. Со неговото смрт, замина и дел од срцето на секој вистински НБА фан.

—————————————————————————————————————————————–

„ЗА КОБИ“ беше главното мото на кошаркарите на ЛА Лејкерс, предводени од Леброн Џејмс во мисијата за враќање на Лери О’Брајан трофејот во ЛА. Не дозволија ниту пандемијата, ниту прекинот, ниту „балонот“ и отсуството на поддршка од трибините да ги поколеба да го освојат прстенот во годината во која замина легендата на „виолетово-златниот“ дрес. Веројатно така и требаше да биде, годината да заврши, која како да е создадена на еден од сетовите во Холивуд. За жал, ретко кое големо филмско остварување почнува без голема трагедија на еден од главните ликови. Такво беше и ова, рекордното седумнаесетто.

—————————————————————————————————————————————–

А, таму горе заедно со него на кош, обичен, како во секое мало во ЛА, Бронкс, Скопје… шутира и едно мало ангелче чија смрт боли повеќе од се друго. Малата Џиџи не доби шанса да ги достигне височините на нејзиниот татко, но таму горе, во рајот ќе ги воодушевува ангелите кои со насмевка и силен аплауз ќе ги поздрават нејзините кошаркарски мајстории. А, еден ден секој од нас, порано или подоцна, зависи што има судбината предодрено ќе може и со свои очи да да ужива во еден на еден натпреварот меѓу Коби и Џиџи.


За крај… Не е важно кој си, што си, дали си богат или сиромав, Американец или Македонец, ако ја сакаш кошарката и НБА лигата и живееш за неа… СЕКОЈА ГОДИНА НА ОВОЈ ДЕН ВО ИНАТ НА СУДБИНАТА, ЌЕ СЕ НАСМЕЕМЕ И ЌЕ ЈА СЛАВИМЕ КОШАРКАТА, ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ!

МАМБА ЗАСЕКОГАШ!!!

Се вчитува...