Мамиќ: Ако ме осудат, ќе се самоубијам

Поранешниот прв човек на хрватскиот клуб Динамо Загреб, фудбалскиот мецена Здравко Мамиќ, кој сега е советник на „модрите“, вели дека ќе се самоубие доколку го осудат за тешкиот финансиски криминал за кој се товари, отшетувајќи го токму градскиот клуб Динамо Загреб.

„Не сум виновен. Мене ми ги измислија делата за кои ми се суди. Немам друга опција освен да се борам на суд. Но, кога би морал да одам во затвор, би го направил истото што и генералот Праљак. Јас сум верник и католик, и во мојата вера тоа е недопустливо. Но, кога видов што направи тој, бев инспириран и без никаква грижа на совест и јас би го направил истото. Никогаш во животот не би влегол невин во хрватски затвор“, истакна Здравко Мамиќ во своето интервју за „Глобус“.

Генералот Праљак во хашката судница во текот на изрекувањето на пресудата во директен телевизиски пренос испи отров, а потоа и почина.

 

Се вчитува...