Поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ одржа прес-конференција за медиумите во Босна и Херцеговина на која на свој начин говореше околу случувањата во хрватскиот фудбал.
Тој на прес-конференцијата упати провокација и кон најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња, Лука Модриќ за која рече дека е човек без храброст.
„Знаете ли кој ги донесе Модриќ, Ковачиќ и Брозовиќ? Овој генијалец. Тие шират слава низ светот, а никој не се осмелува да каже ниту еден убав збор за мене. Модриќ го однесов во Динамо како бегалец, никогаш не добив билет или дрес од него. Тој голем човек нема храброст да се јави на ваков прес и да каже „Па, банда една, знам дека Мамиќ не украл ништо“. Го кренав Модриќ на нозе и го доведов на ова ниво“, изјави Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА