Мамиќ на посебен начин му честиташе на Динамо Загреб за новата титула: Непријателите не можат ниту да спијат!

Динамо губеше од Ријека, но на крајот победи со 5-1. Со тоа, „сините“ и официјално стигнаа до новата титула во првата фудбалска лига на Хрватска.

Здравко Мамиќ, контроверзниот фудбалски екс-претседател на Динамо не успеа а да не се воздржи да ја дочкеа и прослави новата титула, па не ги криеше своите емоции.

“Динамо е шампион! Ова е 15-та титула за хрватскиот шампион кој денес ја слави гордоста на Загреб и Хрватска. Но, Динамо не е фудбалски шампион, Динамо е шампион на животот, борбата, работата и потта. Клановите и организираната мафија, ја искористија државата да го уништи, непријателите не можат да спијат ниту заради успехот на Динамо и тие ќе дадоа сè за да бидат Динамо. И токму затоа му честитам на шампионот на животот Динамо за историската сезона, сезона во која го постигнавме најголемиот клупски успех на еден фудбалски хрватски клуб во европските натпреварувања, ја освоивме титулата шампион, а финалето на Купот не чека! Ви честитам момци, борбата се исплати,“ вака заклучи Мамиќ.

Се вчитува...