Здраво Мамиќ околу пладне беше примен во клиниката во Томиславград со прострелна рана на надколеницата, по пукањето на него за време на помен на неговиот покоен татко.
Во хрватските медиуи веднаш се појавија и првите фотографии од Мамиќ во болница, кој бил „нападнат“ и од присутни во клиниката со желба да се фотографираат со најпознатиот фудбалски работник на Балканот.
Од болницата во Томиславград потврдуваат дека Мамиќ е во одлична состојба. Според последните информации, санирана му е раната на Мамиќ, кој на сопствено инсистирање веднаш е пуштен на домашно лекување по што заминал за Загреб.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, двајца напаѓачи пукале кон Мамиќ, го погодиле со еден куршум во десната надколеница по што веднаш побегнале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА