Против поранешниот прв човек на Динамо, Здравко Мамиќ, покрената е нова истра поради сомнение дека го оштетил клубот за околу 2,6 милиони евра.
Хрватското државно обвинителство го терети Мамиќ дека како извршен потпретседател и член на управата на Динамо во периодот од 2004 до 2007 година од сметката на клубот во Австрија, како овластено лице за располагање со парите од таа сметка, подигнал околу 2,6 милиони евра во готово и парите ги префрлил на неговата и на сметката од неговиот брат.
Здравко Мамиќ на тој начин зел најмалку 2,57 милиони евра, а неговиот брат Зоран Мамиќ повлекол 58.000 евра кои, како што се наведува од обвинителството, ги користеле за свои потреби.
Против браќата Мамиќ кои се поранешни функционери во ФК Динамо, веќе им се суди за извлекување пари од Динамо и во други процеси под обвинение дека од трансферот на играчи, затајување данок и други незаконски активности, го оштетиле загрепскиот клуб за околу 15,5 милиони евра, а државниот буџет за 1,6 милиони евра.
Судењето на најмоќниот човек во хрватскиот фудбал и на останатите вклучени во аферата почна во април годинава во Судот во Осијек. По предлог на Државното обвинителство кој го прифати Врховниот суд во Хрватска, обвинението е подигнато во Судот во Осијек наместо во Загреб каде што се водела истрагата и тоа поради поврзаноста на Мамиќ со повеќе загрепски судии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА