Здравко Мамиќ се наоѓа во БиХ како бегалец по пресудата за затворска казна на хрватскиот суд, но првиот човек на Динамо Загреб и од стотина километри ги влече клучните потези околу трансферите на „модрите“.
Тој не го криеше разочарувањето што Динамо Загреб за потенцијален ривал во последната фаза од квалификациите за ЛШ ја доби Црвена Звезда. Хрватскиот првак најпрвин го очекува двомеч со Легија, „црвено-белите“ за ривал ќе го имаат Шериф, но доколку двете екипи од поранешна Југославија излезат како победници, ќе следи мегапресметка меѓу нив со исклучителен влог – пласман во гурпната фаза од ЛШ.
„Ќе го повторам истото, што го кажав и лани, не сакам натпревари со Црвена Звезда. Оние кои ме познаваат знаат дека секогаш сум навивал за Звезда, а сега еден тим мора да испадне. Тоа ќе биде Црвена Звезда, не сакам токму овој тим да испадне од Динамо на патот до групите. За мене Динамо е фаворит, Црвена Звезда бележи импресивни резултати во последно време, но убеден сум дека хрватскиот првак ќе се избори за место во ЛШ“, изјави Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА