Здравко Мамиќ се уште се наоѓа во БиХ и е бегалец од хрватските власти по изречените затворски пресуди против него, а поранешниот директор на Динамо Загреб повторно организираше прес-конференција на која говореше на најразлични теми.
Меѓу другото, Мамиќ се осврна на случувањата кај нашиот северен сосед, искажувајќи максимална почит за Жељко Обрадовиќ и тоа што тој го прави за Партизан.
„Би сакал да го искажам своето воодушевување, максималната почит што ја имам кон еден од примерите за денешниот спорт, тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ. Тој човек толку ми се допаѓа, толку го впивам секој негов потег, секој гест… да ја пратев од порано неговата работа, можеби некои работи немаше да ми се случат. Имам и еден предлог до луѓето во Парртизна, ставете го Жељко и за тренер на фудбалскиот клуб, тој за една година ќе направи таква доминација и ќе стана првак, па сто години ќе доминира над Црвена Звезда. Мојот син и внуците одат на натпреварите на КК Партизан, ние сме семејство со спортска традиција, но кога велат дека такво нешто нема на друго место во светот, јас им верувам“, истакна Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА