Поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ го следеше тренингот на Широки брег посетивајќи го својот добар пријател Гоце Седлоски кој сега е тренер на босанскиот прволигаш.
Мамиќ, како што пренесуваат хрватските медиуми, е најзаслужниот за доаѓањето на Седлоски на клупата на Широки брег. Па, последниот период не пропушта шанса да го посети клубот за кој, како што самиот вели, негува големи симпатии.
Како што е познато, Мамиќ е во БиХ во бегство по налогот на хрватскиот суд за негово приведување по пресудата за затворска казна поради финансиски малверзации поврзани со трансфери на фудбалери од Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

