Францускиот фудбалер Адриен Рабио потврди дека преговора со италијанскиот шампион Јувентус, околу преминување на Апенините.
„Јувентус е голем клуб за кој секој би сакал да игра. Вистина е, преговараме“, накратко изјави Рабио.
Рабио во моментов се наоѓа на одмор со својата мајка во Италија, а токму Вероник Рабио е една од најомразените личности во фудбалот, бидејќи беа главни ѕвезди во зимскиот преоден рок, кога Французинот не сакаше да игра за ПСЖ и сакаше да го напушти францускиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА