„Мамо, се сеќавам кога немавме една фунта за сладолед – ова е за тебе“

Кај Вокер, играчот на Манчестер Сити и еден од капитените на екипата во моментов заработува 160 илјади фунти неделно, односно 8,3 милиони годишно, што вклучувајќи ги и бонусите, се доаѓа до цифра од 10 милиони евра. Меѓутоа по победата над Интер од 1-0 во финалето во Лигата на шампионите, го оствари врвот на кариерата освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите.

Тој се потсети на своето детство, откако беше интервјуиран од Рио Фердинанд, кој кажа дека е убаво да се гледа како триумфот го слави играјќи се со децата на теренот.

„Го живеам сонот, но не заборавам од каде дојдов. Тука на трибините се мајка ми и татко ми. Доаѓам од Шефилд, а знаете таму не е лесно. Се сеќавам кога ќе поминуваше комбе, а мајка ми немаше да ми даде една фунта за сладолед. А сега е со мене и го дели ова искуство. Господ да ја благослови“, рече Вокер.

Се вчитува...