Голманот на Милан, Мајк Мањан веројатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Се ближи крај на договорот на францускиот чувар на мрежата, кој е доведен за 15 милиони евра од Лил, останува без договор летото 2026 година, по што ќе следува преселба.
Поради тоа Милан веќе работи на доведување на негова замена. Мањан веројатно бара премногу, па клубот и голманот се „разминуваат“ за неколку милиони евра.
Според информациите, „росонерите“ сакаат да го доведат искусниот голман на Ливерпул, Алисон Бекер. 33-годишниот голман има договор до 2027 година, меѓутоа од Милан се подготвени да платат обесштетување да го донесат на „Сан Сиро“.
Ливерпул би сакал да направи ремонт во екипата, па подготен е да го даде Алисон, затоа што го има Георги Мамардашвили, кој би требало да биде долгорочно решение за тимот од „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

