Голманот на Милан, Мајк Мањан кажа дека и натаму сака да остане во италијанскиот клуб, и покрај тоа што со добрите одбрани се повеќе го привлекува вниманието кон себе.
Мањан истакна дека и натаму не се почнати преговорите за нов договор, но дека засега не размислува да ја смени средината.
„Сакам да останам тука во Милан, и тоа сите го знаат. Многу сум среќен во овој клуб. За нов договор не сме разговарале. Не сме ни почнале преговори, но мислам дека сега не е добар момент ниту за мене, ниту за клубот“, рече Мањан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

