Дејан Манасков со право беше разочаран од играта на македонскиот национален тим на денешниот дуел со Норвешка на кој беше претрпен убедлив пораз.
Иако не е срамота да се загуби од еден од фаворитите за медал, Македонија покажа низа слабости кои ќе мора да ги поправи во наредните четириесетина часа, до мечот од второто коло со Холандија.
„Ова беше меч во кој направивме премногу технички грешки, што ривал како Холандија знаеше да го казни и да го искористи. Една работа треба да ни е јасна, ако губиме топки така лесно, лошо ни се пишува, мораме што поскоро да го надминеме овој проблем. Јас се уште верувам во оваа група на момци, ова денеска не беше нашето вистинско лице и очекувам на наредните натпревари да се покажеме во далеку подобро светло. Следна е Хоалндија, репрезентација што исто како и Норвешка игра брз ракомет, денеска против Аргентина покажа и дека игра цврста одбрана, така што ние дефинитивно ќе мора да бидеме на далеку повисоко ниво на овој следен натпревар. Остануваме фокусирани на целта да се пласираме во следната фаза, верувам дека тоа е достижно без оглед на денешниот резултат“, изјави Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА