Манасков брутално искрен: Ова е катастрофа… Ние немаме квалитет… Вакви мечеви се играат со глава!

Еден од најискусните во македонскиот состав Дејан Манасков, брутално искрен по убедливиот пораз од Холанѓаните…

„Не знам што да кажам. Ова е катастрофа… Тоа што го кажав по натпреварот со Норвешка и се оствари. Игравме исто како против Норвежаните и повторно загубивме убедливо. Очигледно немаме квалитет за вакви натпревари. Вакви натпревари се играат со концентрација, со глава, со срце… А, ние играме без мотивација и со изгубени глави“ – ни изјави по мечот Манасков, притоа дополнувајќи:

„Ете во второто полувреме успеавме на почеток да се вратиме во игра, но потоа им подаривме неколку топки дозволивме три гола за една минута. Тоа е неискуство на одредени играчи, имаме многу дебитанти. Не сакам да барам алиби, не знам што да кажам. Ете ќе се обидеме да собереме сили да ја победиме Аргентина и да дојдеме до втор круг, колку да се рече дека ќе играме втор круг, а потоа со Господ на помош таму“.

Се вчитува...