Дејан Манасков го прослави јубилејниот 400. погодок во дресот на Веспрем на дуелот против Ференцварош што актуелниот унгарски првак го доби со резултат 29-25. Воедно, македонскиот ас го одигра најдобриот меч во кариерата постигнувајќи дури 16 погодоци, повеќе од половина од вкупниот број на голови на својот тим.
Гостите од Будимпешта изненадија со одличното издание во првото полувреме што заврши со израмнети 15-15, но Веспрем додаде гас во вториот дел, успеа резултатски да се одлепи и на крајот да стигне до триумф од „плус четири“.
Манасков јубилејниот 400. погодок го постигна во првото полувреме, а потоа продолжи да ја полни противничката мрежа до крајот на мечот, реализирајќи дури 16 гола во новиот триумф на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА