Македонските ракометни репрезентативци влегуваат во одлична форма пред почетокот на новиот квалификациски циклус. Митревски беше избран за МВП на колото во Лигата на Шампионите, Стоилов постигна рекордни за него осум гола во триумфот над Фленсбург, а денеска со фантастично издание се истакна и Дејан Манасков, кој го предводеше Веспрем до триумф на гостувањето против Ѓенѓеш (25-35).
Актуелниот првак на Унгарија одигра уште еден беспрекорен натпревар на домашната сцена, рутински триумфирајќи над тимот кој летово го елиминираше Бутел од квалификациите за Лигата на Европа.
Манасков се покажа во одлично светло и со дванаесет погодоци беше најдобар поединец на натпреварот, без ниту едно промашување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА