Дејан Манасков и Веспрем останаа без четвртинале во Лигата на шампионите. За сензационалната елиминација на унгарскиот шампион кој важеше за еден од фаворитите сезонава, се погрижи данскиот Скјерн кој е најголемата сензација во осминафиналната фаза на најелитното европско натпреварување. Унгарскиот шампион во реваншот на домашен терен победи со 34-29, но тиа не беше доволно за да ја надополни негативата од првиот меч на кој Скјерн славеше со 29-22. За данскиот тим кој елиминаторната фаза стигна како првопласиран во групата Ц, обва е историско прво четвртфинале во Лигата на шампионите.
Негативата од првиот меч ги стави ракометарите на Веспрем во позиција да бркаат резултат. од стартот унгарскиот тим беше во водство, но во првото полувреме најмногу што успеаја беше на два пати да дојдат на +4 (12-8, 13-9), а на одмор заминаа со предност од 13-10.
Веспрем влезе агресивно во второто полувреме, Мирко Алиловиќ го одбрани нападот на Скјерн, а Драган Гајиќ брозо реализираше и повторно му донесе четири гола предност на домашниот тим. Но, Веспрем брзаше и грешеше, а данскиот тим во многу помирно темпо доаѓаше до сигурна реализација и одржуваше активен резултат. На средината од второто полувреме Веспрем се уште беше далеку од границата од седум гола. Да биде маката на Љубомир Врањеш уште поголема, Драган Гајиќ не искористи седмерец, а потоа не реализираше ни од вториот обид, а Скјерн ја искористи шансата и изедначи на 24-24 на стартот од последната четвртина. Во последните пет минути Веспрем влезе со водство од 30-27 и веќе беше јасно дека на избраниците на Љубомир Врањеш ќе им треба чудо за да стигнат до четвртфинале. Но, Скјерн на голот го имаше извонредниот Тибор Иванишевиќ кој на доличните одбрани додаде и погодок на празниот гол на Веспрем и им стави крај на надежите на унгарскиот тим.
Дејан Манасков имаше ефикасна партија со шест погодоци од шест обиди и беше втор стрелец во Веспрем зад Петар Ненадиќ кој заврши со девет гола, но сето тоа на крај беше залудно за унгарскиот состав. Кај Скјерн беспрекорен во нападот беше Андрес Егерт со седум од седум, но, јунак на данскиот тим беше голманот Иванишевиќ.
Во четвртфиналето на ЛШ, Скјерн го чека победникот во дуелот меѓу Нант и Мешков Брест. Францускиот тим пред утрешниот реванш на домашен терен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА