Дејан Мансков и Веспрем без проблеми се пласираа во полуфиналето од унгарскиот куп, откако во четвртфиналето славеа над Ференцварош со убедливи 42-30. Веспрем уште во првото полувреме нагази и веќе по 30 минути игра имаше предност од 22-15. Во вториот дел само рутински ја довршија работата за конечен триумф од 42-30.
По убедливата куп победа Дејан Манасков и соиграчите се подготвуваат за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите и гостувањето во Скопје кај двократниот европски шампион Вардар, натпревар кој е на програмата на 1. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА