Манасков и Веспрем и го нанесоа првиот пораз на Барселона во 2021 година

Дејан Манасков и неговиот Веспрем успеаја да му нанесат прв пораз во 2021 година на актуелниот европски шампион Барселона, откако во крајно интересен натпревар на домашен терен славеа со 29-28.

Домаќините беа подобар противник во првиот дел кој го добија со 16-12. Каталонците покажаа зошто се први фаворити за титулата и сезонава и успеа резултатски да се вратат во натпреварот во вториот дел, но поголемата концентрација во финишот беше клучна за триумф на унгарскиот тим.

Дејан Манасков натпреварот го заврши со два гола.

Кјелце потешко од очекуваното стигна до минимален триумф на гостувањето кај Мотор Запорожје со 25-26.

 

 

Се вчитува...