Дејан Манасков и Веспрем загубија во првиот меч од финалето во унгарскиот шампионат на гостински терен од големиот ривал Пик Сегед со 31-28. Првото полувреме помина во израмнета игра, а на пауза двата тима заминаа со егал 14-14.
Клучната предност домаќините успеаја да ја направат во вториот дел и на реваншот во Веспрем да заминат со позитива од три гола 31-28.
Реваншот е закажан за 5. јуни (сабота).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА