Дејан Манасков и Веспрем го продолжуваат победничкиот од на унгарската ракометна сцена, бележејќи нова рутинска и убедлива победа. Избраниците на Давид Дејвис денеска гостуваа на тимот на Оросхази, триумфирајќи со 25-31.
Прашањето на победникот беше решено во првото полувреме што Веспрем го доби со 10-19, по што Манасков и соиграчите рутински ги доиграа преостанатите 30 минути од натпреварот.
Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со четири погодоци, а поефикасни од него во таборот на Веспрем беа Штрлек со шест и Мачковшек со пет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА