Веспрем е далеку од посакуваниот ритам на стартот од оваа година, па по двата порази од Барселона унгарскиот тим денеска се мачеше и на домашен терен против аутсајдерот Мотор (34-30). Манасков и соиграчите на крајот славеа со , но во текот на натпреварот покажаа низа слабости што ќе мора да се отстранат доколку Веспрем сака да атакува на трофеите во завршницата од сезонава.
На полувреме се замина со израмнети 17-17, за Веспрем во вториот дел да успее да се одлепи резултатски и благодарение на одличниот Македа да поведе со 30-26. Мотор не се предаде, со три гола во низа се приближи на 30-29, но Унгарците го издржаа последниот налет на гостите и на крајот славеа со 34-30. Македа беше главен играч на овој меч постигнувајќи десет погодоци, осум пати реализираше Маргуч, додека Дејан Манасков постигна два гола од два обиди.
ПСЖ рутински ја одработе задачата на домашен терен против Брест Мешков, триумфирајќи со 33-26. Избраниците на Раул Гонзалес водеа од почеток до крај, на одмор заминаа со водство од 15-12 што до крајот го претворија во конечни „плус седум“. Кунку со осум и Сипжак со седум погодоци беа најефикасни во таборот на „светците“ од Париз, додека прв стрелец на Брест беше Ваилупау со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА