Македонската репрезентација славеше убедлива победа против Романија во првиот натпревар од баражот и со една нога веќе е СП 2019 што ќе се одржи во јануари во Германија и во Данска. Искуството, извонредната тактичка подготвеност што беше речиси беспрекорно спроведена на терен на „црвено-жолтите“ им донесе триумф и сигурни осум гола предност за раваншто што ќе се одигра по три дена во Клуж.
Ддејан Манасков заедно со Кире Лазаров беа најефикасни на овој дуел, во кој Македонија ја потврди фаворитската улога. И покрај убедливата победа, Манасков потенцираше дека Македонија мора да оди на победа и во реваншот и така да го потврди пласманот на СП.
„Ова беше добар натпревар. За нас секогаш претставува задоволство да играме овде пред нашата публика. Одигравме добро и заслуѓено победивме на крај. Имаме предноист од осум гола разлика, но ние мора да одиграме добро во реваншот, да размислуваме како да е 0-0, да победиме и таму и да го завериме пласманот на Светското првенство“ – истакна Дејан Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА