Веспрем ја прекина доминацијата на Вардар во СЕХА лигата. По три последовни титули „црвено-црниот“ табор е детронизиран. Мораше да се помири со неуспехот во финалето од унгарскиот состав кој сега има позитивен биланс против Вардар во финалните пресметки од СЕХА лигата.
„По осовена титула мора да сме среќни. Ја држевме средбата под контрола, во првото полувреме пропуштивме и неколку шанси за разлаката да биде и поголема. Одиме дома и се подогтвуваме за она што не чека во новата сезона“ – рече по натпреварот македонскиот репрезентативец од таборот на Веспрем, Деан Манасков кој имаше четири гола од четири обиди во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА