Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е еден од шестмината кандидати за најдобро лево крило во историјата на Вецлар, во анкетата што овој бундеслигаш ја организираше преку официјалниот профил на фејсбук.
Интересно е што Манасков мина само неколку месеци во дресот на Вецлар, веднаш по распадот на Металург, но и тоа беше доволно за Македонецот да блесне во сиот свој сјај и да го покаже потенцијалот што потоа му овозможи неколку извонредни трансфери во Рајн-Некар Левен, Вардар и Веспрем.
Ривали на македонскиот репрезентативец во оваа трка се Максимилијан Холст, Михаел Алендорф, Арвидас Кеставиц, Андреас Климпке и Кевин Шмит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА